ТРИКАЛА – РАБОТИЛНИЦАТА НА ДЕДО МРАЗ
Волшебно гратче во Грција кое ќе сакате да го посетите за празниците
01.12.2024
01.12.2024 (недела) Скопје/ Штип – Метеори-Трикала- Штип/Скопје
Поаѓање од Скопје во 03.00 часот пред хотел Континентал, поаѓање од Штип во 04.30 ч. пред Нова Пошта, поаѓање од Струмица 05.30 ч. Бензинската Макпетрол кај кружен. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Каламбака. Посета на манастирската населба Метеори која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири. Некогаш биле 24, но денес се активни само шест. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора и еден од најубавите манастири – Варлаам. (Посета на Метеори доколку дозволуваат временските услови). По посетата се продолжува кон Трикала. Посета на најголемиот тематски Божиќен Парк кој никој не остава рамнодушен. Барем на еден ден дозволете си да бидете во светот на фантазијата и почувствувајте го новогодишниот амбиент во Божиќното село во градчето Трикала. Прекрасни празнични декорации, волшебна атмосфера, забава за големи и мали, вкусни искушенија, Дедо Мраз, лизгање на мраз, возење со воз….. Вашите најмили ќе можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу забава и среќа… Поаѓање за Македонија во 18.00 часот. Патување со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Поаѓање од Скопје: 2.500,00 денари
Поаѓање од Штип, Радовиш и Струмица: 1.900,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено :
Во цената не е вклучено:
Општи напомени :
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
Важат општите услови за патување на СКТМ