ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Белград - 30.12. - 02.01.2027
Белград - 30.12. - 02.01.2027

Events: Serbian New Year's Eve 2026 | Belgrade Waterfront

1ден/ 30.12 (среда) ШТИП - БЕЛГРАД 
Поаѓање од Штип, Велес, Кавадарци, Скопје и Куманово. Состанок со групата, поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2ден/ 31.12 (четврток) БЕЛГРАД  

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав... Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани. (Напомена: Превоз од хотелот не е организиран. Хотелот се наоѓа на 3 автобуски станици од центарот. Градскиот превоз е бесплатен за сите.) Ноќевање.

 

3ден / 01.01 (петок) БЕЛГРАД - НОВИ САД

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад - центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.      

 

4ден / 02.01 (сабота) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА

Појадок.  Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон трговскиот центар Ушче. Слободно време за шопинг и ручек. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 169€ / 10.480мкд

Промо цена: 159€ / 9.860мкд

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Организација и водство на патувањето;
  • Разглед на Белград со локален водич;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел "N" 3* во Белград.

 

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување;
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот - 4€ за 2 ноќевања (се плаќа во агенција);
  • Факултативен излет до Нови Сад - 25€ по лице, (деца од 2 до 12 години - 15€)- пријавување во агенција, плаќање во автобус;
  • Влезници во културно/историски споменици.
  • Доплата од 20€ по лице за превоз од Штип.

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници;
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата;
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплата;
  • За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
  • За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 30 пријавени лица;
  • За сингл соба се доплатуваат 50€  дополнително од аранжманот поради вториот кревет;
  • Деца од 0 -1,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител - немаат седиште во автобус);
  • Дете од 2 - 3,99 години плаќа 50% од сумата. (спијат во кревет со родител - имаат седиште во автобус);
  • Дете од 4 - 12 години плаќа 100% од сумата на аранжманот;
  • Трет возрасен плаќа ист износ како и останатаите две лица;
  • Уплата исклучиво во денари.