Загреб - Божиќен базар - Програма на Тура
(07.12.2023 – четврток ): Скопје – Загреб
Состанок со групата и поаѓање за Загреб во вечерните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.
(08.12.2023 – петок ): Загреб
Пристигнување во претпладневните часови во Designer Outlet Croatia. Отворен во јуни 2018 година, Designer Outlet Croatia нуди повеќе од 100 брендови за мода со попуст од 30-70%, во текот на целата година.Изграден е на површина од 15.500 квадратни метри во стилот на селската архитектура, инспирирана од типичниот хрватски дизајн на куќи од Загреб, Славонија, Истра и Далмација. Слободно време за шопинг, кафе пауза, храна... Во договорено време продолжуваме кон Загреб. Сместување во хотел. Слободно време а во вечерните часови се упатуваме кон центарот на градот за да ја почувствуваме предновогодишната магија.Индивидуално враќање во хотел Ноќевање.
(09.12.2023 – сабота ): Загреб
Појадок во хотел. Разглед на градот : Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрани. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот или може да се упатите во некои од познатите трговски центри каде Ве очекуваат предновогодишни попусти.Вечерта е повторно пред Вас за уживање во прекрасниот Загреб. Враќање во хотел. Ноќевање.
(10.12.2023 – недела ): Загреб-Скопје
Појадок во хотел. Одјавување од хотел.Заминување кон Македонија според договорено време со претставникот од агенцијата. Патување со попатни паузи за одмор, пасошки и царински формалности. Пристигнување во Македонија околу полноќ.
Дополнителни информации
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 155 ЕУР
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
За оваа програма важат општите услови за патување