ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Париз

Париз термин 29ти Декември

ПАРИЗ ДИЗНИЛЕНД
НОВА ГОДИНА 29.12.2024 – 03.01.2025

6 ДЕНА / 5 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ


Распослан на бреговите на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања, како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Свето Срце, музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град – музеј незаборавен.

1 ден – 29.12.2024 (недела)

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:50 ч од Скопје. Слетување во Париз во 10:30 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејски Полиња, Триумфална Капија, Конкорд, црква Мадлена, опера Гарние, Вандом, Лувр, Орсеј, Нотр Дам, латински кварт, Инвалиди, Воена Школа, Ајфелова Кула, Мостот Александар III. Сместување во хотел. Слободно време за ручек. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња. Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден – 30.12.2024 (понеделник)

Појадок. Организирана прошетка до Лувр (со метро). Од Конкорд преку паркот Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр со претходно резервирани влезници. Посетата трае 2 часа. Слободно време за ручек. Организирана посета на Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на црквата Свето Срце. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

3 ден – 31.12.2024 (вторник)

Појадок. Во 08.00 часот поаѓање за Версај. Организирана посета и влез во дворецот. Слободно време за прошетка по парковите. Враќање во Париз. Организирана заедничка посета на латинскиот кварт. Слободно време за ручек. Враќање во хотел. Организиран заеднички Дочек на Новата година на еден од плоштадите во Париз или Елисејските Полиња. Враќање во хотел. Ноќевање.


4 ден – 01.01.2025 (среда)

Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк Дизниленд. Се патува со брз воз, влезниците се купуваат преку интернет. За оние кои остануваат во Париз има организирана прошетка до квартот Маре, Општината, Бастиља, центарот Помпиду. За љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.

5 ден – 02.01.2025 (четврток)

Појадок. Организирани посети на Операта Гарние (однадвор), музејот за парфеми Фрагонард, галеријата Лафајет. Слободно време за ручек. Можност за посета на Музејот Орсеј или црквата Sainte Chapelle (факултативно). За љубителите на шопинг, предлагаме посета на новиот дел Ла Дефанс. Попладнето организирано крстарење со брод по Сена (факултативно). Вечерта слободно време за посета на Ајфеловата Кула. Слободно време за вечера на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден – 03.01.2025 (петок)

Појадок. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 07:30 часот. Полетување за Загреб во 11:20 часот, слетување во 13.10 ч. Полетување за Скопје во 13.40, слетување во 15.05 часот.

799€ (49.540 ден)

Во цената се вклучени следниве услуги:

Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Croatia Airlines
Аеродромски такси
Бесплатен багаж 20 кг
5 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis Pantin , https://all.accor.com/hotel/2082/index.fr.shtml

Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организиран панорамски разглед на градот со автобус
Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група:
Ла Дефанс ,Елисејски Полиња, Триумфална Капија, плоштад Конкорд, Елисејска Палата, Мала и Голема Палата, музеј Лувр однадвор и паркот Тујлери, музејот Орсеј однадвор, плоштад Вандом, операта Гарние, галерија Лафајет, Фрагонард музејот (со влез), латинскиот кварт и Нотр Дам однадвор, Сорбона, Пантеон, Луксембуршки градини, Мон Мартр и Пигал, Мулен Руж, Ајфеловата Кула, Дом На Инвалиди, Трокадеро…

Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:

Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)
Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот кат 60€, до врвот 28.30€)
Посета на Лувр 22€ влезница (се купува билет преку интернет или во музејот при влез)
Посета на Версај – 85€ (влезница + водич), за лица до 18 год. 45€ (се патува со автобус од хотел), не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 11€
Влезница за брод по Сена 25€ (се патува со метро) организирано
Посета на Операта Гарние 15€, музејот Орсеј околу 16€
Посета на Мулен Руж со претстава (цена од 100-150€ со пијалок ½ шампањ), Крејзи Хорс ( 80-100 €)
Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (99 € возрасен, дете до 12 год. 91 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € повратна карта
Вечера или ручек во ресторан од 20 € без пијалок
Задолжително здравствено и патничко осигурување
Туристичка такса 5 € по лице – се плаќа кај претставникот на групата
Општи услови:

Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден).
Напомена: Има можност за трокреветни соби!
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
Напомена: Нови услови за влез во ЕУ