ВАЛЕНСИЈА - градот на сонцето и уметноста!
06.03.2025 - 09.03.2025
Валенсија, трет по големина град во Шпанија, е совршен спој на историја, култура и модерни атракции. Познат по своите златни плажи, вкусната паеља и футуристичкиот комплекс „Град на науките и уметностите“, Валенсија нуди за секого по нешто. Прошетајте низ историското старо градско јадро, истражете го Туриа Парк, некогашна река претворена во зелена оаза, и уживајте во уникатната атмосфера на локалните пазари и фестивали. Валенсија е дестинација која плени со својата енергија, шарм и бескрајно сонце!
Промотивна цена по лице 695 €
|
Политика за деца: 10 % попуст
|
ден ( 06.03.2025.) – СКОПЈЕ– ВАЛЕНСИЈA - Полетување на аеродромот во Скопје во 04:00 ч. Пристигнување ( 05:10 ч ) Полетување од Белград за Валенсија во 06:15 ч. (Air Serbia ). Слетување во Валенсија во 09:05 ч.
- По пристигнувањето, панорамско разгледување на градот:
- Град на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias) – комплекс на модерна архитектура, проектиран од Сантијаго Калатрава.
- Парк во напуштеното корито на реката Турија – 9 км долг парк за прошетка.
- Панорамска обиколка на 15 мостови, Парк Гуливер, Палау де ла Музика и Пуенте де лас Флорес (најубавиот мост во Валенсија).
- Обиколка на Торес де Серрано и Торес де Кварт (врати на градот).
- Посета на стадионот Местала и други значајни градски локации како Рузафе и Банко де Еспања.
- Трансфер до хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
- ден ( 07.03.2025.) – ВАЛЕНСИЈА
- Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет „Валенсија низ историјата“ ( пешачка тура по цена на излетот од 30 еур )
- Обиколка на историските локалитети: Плаза де ла Вирген, Катедралата на Валенсија, Свети Грал и Судот на водите (заштитен од UNESCO).
- Посета на Базиликата де десперадос, Микалет тврдина, римски ископини и пазарот.
- Пауза за дегустација на шпански јадења и пијалоци во барови во барокен стил.
- По обиколката, трансфер назад до хотелот. Ноќевање.
- ден ( 08.03.2025.) – ВАЛЕНСИЈА
- Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет во Бенидорм и Аликанте.
- Бенидорм – познато летувалиште, шетање по стариот град.
- Патување до Аликанте, посета на тврдината Санта Барбара и шетање по старите улички.
- Разгледување на шеталиштето Еспланада де Еспања и познатата Плаја дел Постигет.
- Уживање во локални ресторани и тапас барови.
- Повраток во Валенсија во попладневните часови. Ноќевање. (Цена на излетот: од 80 €).
- ден ( 09.03.2025.) – ВАЛЕНСИЈА – СКОПЈЕ
- Појадок. Напуштање на собите и слободно време до трансферот за аеродром.
- Препорака: посета на една од валенсијските плажи (Малвароса, Кабанјал, Патакона и други) или шетање по луксузната променада.
- Трансфер до аеродромот. Полетување за Белград во 20:35 , слетување во Белград во 23:15 ч. Полетување од Белград во 00:30 ч и пристигнување во Скопје во 01:40 ч
Цената вклучува:
- 3 ноќи со појадок во ЕuroStars Gran Valencia 4*
- 23kg багаж
- Повратен авионски лет и аеродромска такса
- Трансфер од аеродром - хотел - аеродром
Цената не вклучува:
- Туристичка такса
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Локален транспорт: метро или автобуски билети
ЕuroStars Gran Valencia 4*
Eurostars Gran Valencia 4* e луксузен хотел ко се наоѓа во срцето на Валенсија, идеално сместен за оние кои сакаат да а истражуваат оваа динамична метропола. Хотелот нуди современи и елегантни соби, опремени со нанови технологии и удобности, кои гарантираат приатен и опуштен престој. Со својата импресивна архитектура и погледи на градот, Eurostars Gran Valencia располага со сите неопходни услуги за деловни и туристички гости, вклучуваќи бесплатен Wi-Fi, фитнес центар, ресторани и сала за состаноци. Доколку сакате да уживате во надоброто од Валенсиjа, Eurostars Gran Valencia 4* е одличен избор за незаборавен престој.