ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - ШПАНИЈА
Автобуски програми - ОПАТИЈА-ПОРЕЧ-ТРСТ-РОВИЊ
ОПАТИЈА-ПОРЕЧ-ТРСТ-РОВИЊ

Opatija | Opatija Riviera | Apartments & Tours | Visit Croatia

Со вклучена вечера со музика во Истарска коноба

 

Прв ден: 06.03.2025 (четврток)

Поаѓање на групата од  Кавадарци во 16.30 часот и од Скопје во 18.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 Втор ден: 07.03.2025 (петок)

Пристигнување во Опатија во претпладневните часови. Шармантен, приморски град со прекрасни паркови и идилични вили; тоа е градот во кој ќе прошетаме низ шеталиштето Lungomare и ќе го испиеме кафето покрај море. Во договореното време продолжуваме кон Пореч. По пристигнувањето, сместување на групата во хотел „Porec“ 3 *** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

 Трети ден: 08.03.2025 (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Италија. Трст е нашиот денешен избор за уживање, но ние сепак започнуваме од дворецот Miramare, убедливо најубавата атракција која Трст може да ја понуди. Дворецот е сместен на самиот морски брег со преубав поглед кон градот и целиот залив. Изграден е во 1860 година како резиденција и летувалиште на Австрискиот генерал и војвода Maksimilijan. Палатата ја опкружува огромен парк кој се простира на 22 хектари. Прошетка низ прекрасните градини низ кои многу одамна шетала Австриската кралица Sisi. Во договореното време се упатуваме кон центарот на Трст. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг во изобилството продавници на Главниот Плоштад кој е еден од најпосетените во Трст. Во попладневните часови се враќаме назад во хотелот во Пореч. Краток одмор. Во договореното време заминуваме во автентична Истарска коноба на Осмомартовска забава со вечера. Ноќевање.

 Четврти ден: 09.03.2025 (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати... Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во понеделник, на 10.Март во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........299 евра (18.540 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел  Porec 3*** во Пореч

- Локален туристички водич во Пореч, Трст и Ровињ

- Вечера со музика во Истарска коноба

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Доплата за еднокреветна соба – 65 евра

- Туристичка такса...1.60 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници