
Прв ден: 31.12.2026 година (четврток)
02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Организиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија. Вечерта организирано заминување во ресторан во градот Кавала каде ќе ја дочекаме Новата 2027 Година во весела атмосфера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.
Втор ден: 01.01.2027 година (петок)
Појадок. Слободен ден за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Ноќевање.
Трети ден: 02.01.2027 година (сабота)
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето во центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра (12.960 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***
- Организиран Дочек на Новата Година во ресторан во Кавала (вечера со музика во живо)
- Посета на Солун
- Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената не е вклучено:
- Доплата за еднокреветна соба – 50 евра (за двете ноќевања)
- Пијалоци за време на Новогодишната вечера во ресторанот
- Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 2,50 евра по лице од вечер
- Патничко осигурување
Напомена:
За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот до 30.11.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа. Агенцијата не може да гарантира за спратност и поглед од собите бидејќи распоредот и сместувањето е во надлежност на хотелот. Еднокреветните соби немаат балкон!
Напомена:
За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници