ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Виена и Братислава - 13.11. - 15.11.2026
Виена и Братислава - 13.11. - 15.11.2026
Bratislava - How to get there from Vienna and what to see
Прв ден 13.11.2026

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 10ч:00 . Летот Скопје-Братислава е во12ч:00 . По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.

 

Втор ден 14.11.2026

По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. Пешачкиот разглед го започнуваме од дворецот Белведере, импозантен дворец изграден по нарачка на кралицата Марија Тереза, со својата бела боја на фасадата го добива и самото име Белведере. Од предната и задната страна на дворецот се направени едни од најубавите градини во светот, кои се користеле за прошетки, балови и уживање од страна на кралското семејство. Од таму, се упатуваме кон центарот на Виена, или познатиот РИНГШТРАСЕ. Ја посетуваме катедралата Карлсрихе (св. Чарлс), една од поголемите барокни цркви, продолжуваме кон истоимениот плоштад, Карлсплац каде се наоѓа и познатата Виенска Опера. Се упатуваме кон дворецот Хофбург, првиот и главен дворец во Империјата на Австрија. Огромно здание во централнииот дел на Виена, со прекрасен парк, прекрасна фасада, специјална покриена градина каде се одгледуваат растенија од целиот свет. Разгледот продолжува низ тесните улички на строгиот центар на Виена кон завршната точка на Штефанплац, каде се наоѓа една од најголемите Готски катедрали во светот, св.Стефан. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.

 

Трет ден 15.11.2026

По појадокот во хотел, започнуваме со посета на централниот дел на Братислава. Братислава е еден од најшармантните главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, град во кој се одвивале сите крунисувања на големите императори на Австро Унгарија. Разгледот го започнуваме пред националниот Словачки театар, изграден кон крајот на 19ти век, кој е изграден во нов и уникатен архитектонски стил. Разгледотт го продолжуваме кон главниот плоштад на Братислава, каде што се наоѓа градската палата, познатата кардиналска палата, Максимилијановата фонтана, скриените пасажи низ старите улички, портата на св.Михаил, една од најобезбедените порти во светот, позната како Барбакан. Продолжуваме кон Готската катедрала св. Мартин, која го краси градот со својата златна кула, еден од највисоките покриви на градот. Разгледот го завршуваме на ридот каде што е изграден замокот на Братислава, каде може да уживаме во еден од најубавите видиковци на реката Дунав. По разгледот, можност за организиран факултативен ручек во уникатна братиславска пивница. Слободно време за индивидуални активности.Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 23:00ч . Пристигнување во Скопје после полноќ.

 

Цена на аранжманот: 249eur / 15,438мкд

 

Во цената е вклучено:

2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR

Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20

Трансфер од аеродром до хотел и назад

Посета и разглед на Братислава

Лиценциран придружник

 

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување

Туристичка такса

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Задолжителна факултатива посета на Виена 25евра

Задолжителна факултатива посета на Виена - цена за пакет: 25евра

 

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Доплата за еднокреветна соба 90 евра

Деца до 11,99 години плаќаат 220 евра