(06.12.2026 - недела) | Рим (Разглед и Ватикан)
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.