ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Пaриз - 03.12. - 06.12.2026
Пaриз - 03.12. - 06.12.2026
10 Amazing Things Paris is Famous For
03.12.2026 | ЧЕТВРТОК - СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:00 часот.

Полетување кон Париз во 13:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.

Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 16:05 часот.

По пасошка и царинска контрола следува организиран трансфер до хотелот и сместување.

Слободно време за одмор и индивидуални активности.

Ноќевање.

 

04.12.2026 | ПЕТОК - ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – РАЗГЛЕД - КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА

Појадок во хотел.

Дворец Версај

По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз.

Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век.

Во разгледот не се вклучени градините.

По завршувањето на посетата следува враќање назад кон Париз.

Во попладневните часови следува можност за пешачки разглед на Париз со локален водич.

Разгледот се реализира пеш или со метро и опфаќа дел од најпознатите места: Латинскиот кварт, Нотр Дам, Монмартр, црквата Sacré-Cœur, улицата Пигал и познатиот Moulin Rouge.

Крстарење по Сена

Следува можност за крстарење по Сена во времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива.

Враќање во хотел. Ноќевање.

 
05.12.2026 | САБОТА - ЛУВР – АЈФЕЛОВА КУЛА

Појадок во хотел.

Музеј Лувр

По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи – Лувр.

Лувр околу 700 години бил резиденција на француските кралеви, сè до нивното преселување во Версај.

Во музејот се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела, меѓу кои и познатата Мона Лиза.

Ајфелова кула

Во попладневните часови можност за индивидуална посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат.

Слободно време за индивидуални прошетки.

Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

 

06.12.2026 | НЕДЕЛА - ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување.

Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais).

Полетување кон Скопје во 14:55 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.

Слетување во Скопје во 17:30 часот.

 

Промо цена: 409eur

Цена на аранжманот: 449eur

 

Во цената е вклучено:

  • Лет и трансфери
  • Директен лет Скопје – Париз – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување и организација
  • Сместување во хотел 3★
  • Услуга BB – ноќевање со појадок
  • Прошетки низ Париз со претставник од агенцијата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во хотел
  • Доплата за еднокреветна соба: 190 €
  • Патничко осигурување – задолжително е секој патник да поседува
  • Билети за јавен превоз со метро – карнет за 10 возења, задолжително, цена околу 20 €
  • Пешачки разглед со локален водич – 25 €
  • Посета на Версај – 80 €
  • Крстарење по Сена – 25 €
  • Посета на Лувр – 45 €
  • Влезница за Ајфеловата кула – индивидуално, на лице место
  • Дизниленд – цена на влезница при уплата
  • Задолжително пријавување на 2 екскурзии од понудените подолу

 

Факултативни излети:

ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ 25 €

Во попладневните часови следува разглед на градот со локален водич и прошетка по прекрасните париски улици и градби.

Разгледот се реализира пеш или со метро и опфаќа дел од најпознатите места:

  • срцето на Париз
  • Латинскиот кварт
  • Нотр Дам
  • Монмартр
  • црквата Sacré-Cœur
  • улицата Пигал
  • Moulin Rouge

 

ВЕРСАЈ 80 €

  • Влезница за дворецот
  • Локален водич
  • Организиран трансфер

Градините не се вклучени во цената.

 

КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА 25 €

Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива.

 

МУЗЕЈ ЛУВР 45 €

Индивидуална влезница со резервиран термин.

Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција.

 

АЈФЕЛОВА КУЛА

Индивидуална посета. Влезницата се купува на лице место.

  • До втор кат: 28 €
  • До трет кат: 40 €

Цените се информативни и се однесуваат на пристап со лифт.

 

ДИЗНИЛЕНД

Цена за влезницата се потврдува при уплата на аранжманот, поради променливиот карактер на цените.