Будимпешта - 05.03. - 08.03.2026

05.03.2026 (Четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата во 16.00 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
06.03.2026 (Петок) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта. Следи разглед на градот со локален водич. Плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали, Базиликата Св. Стефан - најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот следи слободно време за уживање во добро кафе или ручек индивидуално на познатата Ваци улица. Во попладневните часови во договорено време со водичот сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности. Ноќевање.
07.03.2026 (Сабота) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот заминуваме на факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, лоцирано во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. На средина на местото се наоѓа и црквата Свети Андреја околу која се тесните улички кои ги привлекуваат туристите со својата средновековна тишина. Враќање во Будимпешта. Вечерта предлага уживање во факултативно крстарење со звукот на класичната музика преку кое ќе ги видитепрекрасните мостови и најубавите и најпознати зданија кои светат навечер, а број еден е секако Парламентот. После крстарењето можност за факултативна вечера во национален ресторан Чарда каде ќе се забавуваме со традиционална музика со уживање во вкусовите на традиционалната унгарската кујна. Ноќевање.
08.03.2026 (Недела) БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување на попатна посета на шопинг мол каде ќе може да уживате во одлични промо цени на светски познати бреднови. Во договрено време во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.
Цена по лице -149 еур
Во цената e вклучено :
Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
Професионален туристички придружник од агенцијата,
Организација и реализација на аранжманот
Во цената не е вклучено :
Факултативи
Туристичка такса 5 еур по лице за престој ( се плаќа во агенција )
Влезници за музеи и културно – историски споменици
Патничко осигурување
ФАКУЛТАТИВИ :
Разглед на Будимпешта со локален водич – задолжителна екскурзија ( уплата во агенција) - 15 €
Крстарење со брод по Дунав – 25 € (со чаша шампањ)
Посета на Виена – 40 € (минимум 30 патника за реализација на факултативата)
Посета на Сент Андреа – 20 €
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ : 75 € по лице ( без разглед на Будимпешта )
Важно:
-Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот
-Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Првите 4 седишта неможат да се резервираат бидејќи истите се користат од страна на персоналот (водич, возачи)
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
· Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ