
Прв ден: 05.03.2026 (четврток)
10:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 12:00 часот од Скопје кон Италија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце.Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.
Втор ден: 06.03..2026 (петок)
Пристигнување во Падова во пладневните часови. Организиран разглед на градот кој има одлично сочувани градби во стариот дел кои се под заштита на Унеско. Тоа е универзитетски град во кој се наоѓа најголемото и најстарото Сеучилиште “Universita di Padova” во кое предавал Галилео Галилеј. Во римско време бил еден од најбогатите италијански градови, а во 14. век ги привлекол најдобрите италијански уметници: Giotta, Giovanni, Donatello, Paolo Uccello... По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето го продолжуваме кон Болоња. По пристигнувањето, сместување на групата во хотел „Mitico“4* ( https://www.miticohotel.it/). Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.
Трети ден: 07.03.2026 (сабота)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Болоња на организиран разглед на еден од најголемите европски градови: плоштадите Piazza del Nettuno и Piazza Maggiore каде се наоѓа најголемата готска црква во светот изградена од цигла, како и Palazzo dell’Archiginnasio, првото седиште на Болоњскиот Универзитет. Во зградата биле сместени сали во кои се држеле предавања од право и уметност. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки низ улиците на градот со карактеристична архитектура: имено, сите улици во стариот дел на градот во должина од дури 40 километри се покриени со украсни аркади со единствена цел да ги заштитуваат туристите од дождот додека шетаат и шопингуваат. Искористете ја можноста да ја запознаете и другата страна на Болоња кој е светска престолнина на гастрономијата. Од тука потекнуваат лазањите и тортелините, тука ќе дознаете дека познатиот сос болоњезе секогаш се служи со таљатели, никогаш со шпагети! По организираниот разглед продолжуваме кон градот кој наликува на мала кутија со богатство-Равена, европска престолнина на мозаиците кои потекнуваат во V и VI век. Токму од таа причина ранохристијанските и византиските цркви се признати како дел од светското богатство на Унеско. Сместување на групата во хотелот „Palazzo Galletti Abbiosi“ 3* (https://palazzogallettiabbiosi.it/ ). Краток одмор од патувањето а потоа заминуваме на прошетки низ градот кој бил инспирација на многумина; Oskar Vajld, Herman Hese па дури и на Lord Bajron кој тука ги напишал Дон Жуан и Равенскиот дневник. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 08.03.2026 (недела)
Појадок. Заминуваме кон една од најмалите и најстарите независни држави-Сан Марино во која можеме да влеземе без пасош бидејќи пасошка контрола не постои. Државата која е основана во 301 година го има најстариот устав донесен во 1600 година кој сеуште е во сила, има сопствена војска-една од најмалите во светот, годишно ја посетуваат околу два милиони туристи и е една од најбогатите земји по БДП по жител. Мала, зелена оаза опкружена со недопрена природа, винарии, тврдини, неверојатен поглед на Јадранско Море и на италијанските градови кои го опкружуваат... Сан Марино е град кој како да застанал во времето и просторот и е идеална алтернатива за градската врева. Слободно време за индивидуални прошетки и за шопинг низ стотиците продавници во кои можете да најдете буквално се`- од сувенири и гардероба до кожени чанти, парфеми и колекции ситни парички штампани со симболите на градот. И да, по пониски цени бидејќи производите се ослободени со 20% од Италијанскиот данок. Во договореното време се враќаме назад кон Равена. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Петти ден: 09.03.2026 (понеделник)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме во посета на највредните објекти во Равена. И покрај тоа што пристаништето било главна база на римската јадранска флота, Равена станала уште позначајна во 409-та година кога било потврдено дека е главен град на целото Западно Римско Царство. Во тоа време, императорот Honorius и неговата сестра Galla Placidia започнале со изградба на градот кој требало да прерасне во центар на мозаичната уметност. Од тогаш започнало украсувањето на сите нови цркви со мозаици, а вложениот труд било неизбежно да се заштити како светско културно богатство. Ако треба да се истакне највредното богатство на градот тогаш тоа е секако Мавзолејот на царицата Galla Placidia отворен во првата половина на петиот век од нашата ера (426-та година) . Малата зграда требало да биде последен нејзин дом-таа сакала да биде погребана тука заедно со својот брат и со нејзиниот син, но мавзолејот не ја исполнил никогаш таа цел-во 450 година царицата умрела во Рим и таму била погребана. При влезот во оваа мала зграда ќе бидеме опиени од позитивни вибрации-жолтите мермери го покриваат целиот долен дел, а целиот горен дел е изработен од мозаици кои, засилени со златната светлина која се излева низ ситните прозорци создава магична атмосфера. Врвот на мозаичната уметност ќе го видиме во базиликата San Vitale, византиска црква посветена на Свети Витале, римски роб и христијански маченик, најзначаен споменик на византиската архитектура во западна Европа. Оваа античка базилика која е од 1996 под заштита на Унеско ги опива посетителите, а според пишувањата во италијанските портали, излегувањето од неа не е како излегување од црква, туку како излегување од мајчината утроба. По организираните разгледи се враќаме назад кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија на 10. март во предпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 евра (30.940 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- Едно ноќевање со појадок во хотел „Mitico“4* во Болоња
- Две ноќевања со појадок во хотел „Palazzo Galletti Abbiosi“ 3* во Равена
- Организиран разглед на Падова, Болоња, Равена и Сан Марино
- Вклучена влезница во Мавзолејот на царицата Galla Placidia и базиликата San Vitale во Равена
- Лиценциран туристички водич за време на сите разгледи
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса...12 евра по лице (за трите вечери)- се плаќа во агенцијата
- Доплата за еднокреветна соба – 150 евра (за трите вечери)-се плаќа во агенцијата
- Патничко осигурување