ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Коста дел Сол
Коста дел Сол

Costa del Sol: All You Must Know Before You Go (2026) - Tripadvisor

1 ДЕН. 09.04.2026  СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – МАЛАГА
Состанок на групата на аеродром ТАВ – Скопје во 06:30 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот со Turkish Airlines. По пристигнувањето во Истанбул во 11:20 часот, следува конекција за Малага во 13:15 часот. Слетување во Малага во 16:50 часот. По пристигнувањето, следи трансфер до хотелот, сместување и преземање на собите. Остатокот од денот е предвиден за одмор, индивидуални прошетки и запознавање со околината на хотелот и медитеранската атмосфера на дестинацијата. Вечера во хотел. Ноќевање.

 

2 ДЕН. 10.04.2026  МАЛАГА
Појадок. Организиран разглед на Малага – најголемиот град на југот на Шпанија, познат како „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на генијалниот уметник Пабло Пикасо. Ќе имате можност да го посетите музејот посветен на неговиот живот и уметност, кој се наоѓа во срцето на неговиот роден град. Следува прошетка низ живописниот стар дел на градот, со посета на Римскиот театар, прекрасната Катедрала – наречена и „Еднораката дама“ поради нејзината недовршена втора кула, како и уживање во атмосферата на тесните калдрмисани улици исполнети со шарм и историја. Сместена на брегот на Медитеранот, Малага нуди идеален спој на древни културни влијанија и современ градски пулс. Ќе ги видите и импресивната тврдина Гибралфаро, која се издига над градот, како и импресивната палата Алкасаба, некогашна резиденција на муслиманските владетели, која како често засенета од славната Алхамбра, нуди свој уникатен шарм и погледи што одземаат здив. Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

 

3 – 6 ДЕН. 11.04.2026 – 14.04.2026  ПРЕСТОЈ ВО МАЛАГА СО МОЖНОСТ ЗА ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ И ПОСЕТИ
Во периодот од третиот до шестиот ден, престојот е стациониран во хотелот во Малага на база полупансион (појадок и вечера), со доволно слободно време за индивидуални активности, одмор и уживање во убавините на регионот. Овие денови се идеални за релаксација, прошетки покрај море, фотографирање, посета на локални кафулиња и ресторани или едноставно впивање на медитеранската атмосфера. За патниците кои сакаат поактивен одмор и дополнителни доживувања, постои можност за факултативни излети до најатрактивните места во Андалузија:

 

Гранада
Истражете го богатото културно наследство на Гранада преку незаборавна посета на импресивната Алхамбра, која плени со својата историска важност и естетска убавина, комбинирајќи исламски, христијански и еврејски влијанија. Уживајте во прошетките по тесните улички на стариот град и во панорамските видиковци со поглед на околните планини на Сиера Невада. По пристигнувањето, нашиот локален водич ќе ве воведе во магијата на најпосетениот споменик во Шпанија – величествената Алхамбра со нејзините прекрасни градини.

 

Кордоба
Панорамска тура и прошетка со локален водич кој ќе ве запознае со најважните знаменитости на овој историски град. Ќе ја посетиме Големата џамија (Мескита) – еден од највпечатливите и најдобро сочуваните споменици од времето на Омајадите, уникатна по својата архитектура и духовно значење.

 

Ронда
Посета на еден од најромантичните бели градови во Андалузија, сместен на 750 метри надморска височина, на работ од длабок кањон. Пуенте Нуево, спектакуларниот мост што го поврзува стариот и новиот дел на градот, нуди незаборавни погледи. Ронда е позната и како колевка на борбите со бикови, со една од најстарите арени во Шпанија.

 

Севиља
Целодневна посета на срцето на Андалузија – Севиља. Разглед на Плоштадот на Шпанија, Паркот Марија Луиза, прошетка низ еврејската населба Санта Круз, како и разгледување однадвор на Катедралата и Алказар Палатата – едни од најзначајните споменици во градот.

 

Каминито дел Реј (Патеката на кралот)
За љубителите на природата и авантурата – можност за посета на една од највпечаливите пешачки патеки во Шпанија. Оваа спектакуларна патека, изградена по стрмните карпи на кањонот Ел Чоро, нуди драматични пејзажи, мостови и панорамски погледи кои создаваат незаборавно искуство.

 

7 ДЕН. 15.04.2026  МАЛАГА – СКОПЈЕ
По појадок, следува трансфер до аеродромот во Малага. Лет за Истанбул во 11:55 часот со Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул во 17:25 часот и продолжување за Скопје во 18:55 часот. Пристигнување во Скопје во 19:25 часот по локално време.

 

КОСТА ДЕЛ СОЛ – Велигден 2026 ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 09.04.2026 – 15.04.2026
ХОТЕЛ 4* УСЛУГИ Полу Пансион (Појадок + вечера)
Полу Пансион НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 6Ноќи / 7 Дена
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 995 € / 61.690 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 28.02.2026 895 € / 55.490 мкд
Доплата за еднокреветна соба 180 € / 11.160 мкд
Попуст за дете од 02-1199 години во соба со 2 возрасни - 180 € / 11.160 мкд
Трето возрасно лице (12+год) не е дозволено во соба!

 

Во цената е вклучено:
• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Малага – Истанбул - Скопје, со Turkish Airlines.
• Аеродромски такси, чекиран багаж (20кг) и рачен багаж (8кг).
• 6 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера) во хотел со 4* во регионот на Малага (Торемолинос).
• Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
• Панорамски разглед на Малага со локален водич.
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

Во цената не е вклучено:
• Патничко здравствено осигурување.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
• Факултативни посети, излети и влезници (пријавување во агенција).

 

Факултативни Излети:
Цените и условите за факултативните излети ќе бидат дополнително објавени ***

 

Важни Забелешки:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја коригира цената на истиот.
• За резервација потребен е аванс од минимум 40% од вкупниот износ на аранжманот и доплата.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, за помалку пријавени патници цената може да биде соодветно коригирана.
• Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.
• Организаторот го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.