05.06.- петок/ Скопје - Стокхолм
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 03:45 часот. Полетување кон Париз во 05:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Арланда, Стокхолм, во 09:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел за да се остави багаж па продолжуваме на пешачки разглед. Стариот град на Стокхолм, Гамла Стан, се наоѓа на остров поврзан со остатокот од градот со мостови. Овој средновековен кварт се одликува со тесни калдрмисани улички наредени со згради од 17-ти и 18-ти век обоени во карактеристични жолти, портокалови и црвени бои. Кралската палата е сидро на едниот крај, додека Сторторгет, главниот плоштад, со кафулиња и продавници во историски трговски згради, скриените дворови и малите музеи како Музејот на Нобеловата награда, урамнотежуваат од другат страна. Пред да се упатиме назад кон хотелот ќе имаме можност за посета на Östermalms Food Hall - прогласен за 7-ми најдобар пазар во светот. Веќе 137 години, ова е оаза за гастрономи, познавачи и сите што ја сакаат добрата храна. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.