ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Roxx Royal 4*

Положба:Хотелот Roxx Royal е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Во близина на хотелот се наоѓаат сите неопходни туристички атракции, маркети, ресторани, барови, банки, продавници за сувенири. Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.

 

Сместување: Сите соби располагаат со сопствен балкон (единствено трокреветните соби немаат балкон ), сопствена бања (туш или када, тоалет,фен за коса), клима уред , ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

 

Услуга: Хотелот е на база HB (ноќевање, појадок и вечера). Хотелот располага со еден ресторан кој располага со затворен и отворен дел. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со еден бар.

 

Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, градина и клима.

 

Услуги со доплата: Пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови.

 

Содржини:Хотелот располага со еден ресторан, еден бар, паркинг, 24/7 рецепција, надворешен базен, градина.

 

Плажа: Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

 

Спорт и забава:Водени спортови, одбојка на плажа, дестско игралиште.

 

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 299 eur
06.06-16.06 304 eur
11.06-21.06 309 eur
16.06-26.06 314 eur

 

Аранжманот вклучува 10 ноќевања, превоз, појадок и вечера.

 

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

 

Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија – Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани – Кушадаси се доплаќа 10 € по лице.

 

Само превоз Скопје – Кушадаси

 

Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur

 

Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur